Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека венецуелскиот претседател, Трамп не само што беше уапсен, туку заедно со неговата сопруга Силија Флорес беше протеран од земјата. Локацијата каде што се префрлени засега не е откриена, објави „Гардијан“.
Во објава на Truth Social Трамп напиша:
„Соединетите Американски Држави успешно извршија голем напад врз Венецуела и нејзиниот лидер, претседателот Николас Мадуро, кој, заедно со неговата сопруга, беше заробен и однесен од земјата. Оваа операција беше спроведена во соработка со американските сили за спроведување на законот. Деталите ќе следат. Денес ќе има прес-конференција во 11 часот наутро, во Мар-а-Лаго“.









