Украина и Молдавија влегоа во ЕУ роаминг зоната. Македонија ќе чека

0
121

Додека европската зона без роаминг одлучно се проширува, Македонија, заедно со Србија и Босна и Херцеговина, останува на чекање. Украина и Молдавија веќе од 1. јануари 2026 година станаа полноправен дел од режимот „Roam Like at Home“, со што нивните граѓани добија можност да користат мобилни услуги низ ЕУ без дополнителни трошоци.

Овој премин значи дека Украинците и Молдавците – и обратно, граѓаните на ЕУ кои патуваат таму – од сега плаќаат исто како дома за повици, пораки и мобилни податоци. Одлуките за нивното приклучување беа усвоени од Советот на ЕУ во јули 2025 година.

Албанија и Црна Гора се следни – Македонија не се споменува

За 2026 година веќе е најавено и приклучувањето на Албанија и Црна Гора, кои се најнапред во преговорите за членство во ЕУ. За Македонија, пак, нема рокови, нема процени, нема сигнал – што е директен одраз на застојот во преговорите со Унијата.