Масовни протести и исклучен интернет во Иран, Хамнеи со остар говор: „Ги уништуваат сопствените улици за да го усреќат Трамп“

0
107

Врховниот лидер (86) на Иран изјави дека демонстрантите „ги уништуваат сопствените улици за да го усреќат претседателот на друга земја“, алудирајќи на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Сите треба да знаат дека Исламската Република дојде на власт со крвта на стотици илјади чесни луѓе и нема да попушти пред саботери“, порача Хамнеи во обраќањето на државната телевизија.

Тој додаде дека постојат многу проблеми во рамки на Соединетите Американски Држави, пренесе Иран интернешнел. Хамнеи ги повика поддржувачите да останат обединети.

„Драги млади луѓе, зачувајте ја подготвеноста и единството. Обединета нација ќе го победи секој непријател“, порача иранскиот верски лидер.

Вчера иранските власти го ограничија пристапот до интернет во Техеран и во некои други региони, на 12-тиот ден од масовните протести против владата.