Комуналниот отпад на Попова Шапка се собира редовно, согласно динамиката предвидена со оперативниот план, при што редовниот распоред е секој петок и секој понеделник попладне, информираа од Саубермахер.
Подолу е целото нивно соопштение поврзано со собирањето на комуналниоот отпад на Попова Шапка:
Во текот на зимскиот период / зимските одмори, предвидено е отпадот да се собира секој ден по 15:00 часот, додека за време на викендите и државните празници собирањето/групирањето се врши по 19:00 часот.Сепак потребно е да се земат предвид климатските услови и сообраќајните забрани воведени од надлежните институции.На 11.01.2026 година, поради снежни врнежи и непристапни патишта, беше воведена забрана за сообраќај на камиони и немаше можност за пристап до локацијата. На 12.01.2026 година, камионот можеше да пристапи до локацијата дури по 15:00 часот.
Имајќи ја предвид настанатата ситуација, околу 13:00 часот истиот ден, нашиот тим со специјалното возило се обиде да се искачи, но поради густ сообраќај и непрооден пат кон локацијата, полицијата го запре тимот и камионот и го упати да паркира на локацијата на ЈП „Патишта на Македонија“, каде што екипата остана повеќе од 2 часа.
Ова значи дека екипата на Saubermacher Тетово пристигна на локацијата по 15:00 часот, при што сите контејнери беа испразнети, односно локацијата беше целосно исчистена. Во прилог доставуваме фотографии од состојбата пред и по празнењето и чистењето на локацијата.
Нагласуваме дека во текот на зимскиот период отпадот се собира секојдневно по 15:00 часот, додека за време на викендите и празниците по 19:00 часот.Исто така, апелираме на внимателно одлагање на отпадот, особено кога контејнерите се полни, да не се остава отпад околу или во близина на контејнерите, како и да не се паркира пред или околу нив, со цел да не се попречи пристапот.
Ви благодариме за разбирањето и за почитувањето на сообраќајните правила, со цел непречено и редовно функционирање на комуналната услуги











