Како МАКЕДОНИЈА влезе во исти кош со Сомалија

0
250

Одлуката на претседателот на САД да ја стави Македонија на листата на 75 земји за кои нема да се разгледуваат воопшто барања за имигрантска виза не е толку драматична по ефектите, колку што е драматична како порака за државата, пишува Независен весник.

Откако дојде на власт ВМРО-ДПМНЕ ова е најголемиот дебакл што го доживеа во надворешната политика, која како никој и да не ја води, како да е укината, а министерот одговорен за тоа се занимава со надворешна трговија.

Иако од ВМРО-ДПМНЕ и од Владата се обидуваат да ја релативизираат одлуката на САД, во смисла дека се однесува на мал број на луѓе и тоа постари, дека не станува збор за прекин во издавањето на имигрантски визи туку за „пауза“, дека треба да почекаме шест месеци кога ќе нѐ изненадат со нова политика и дека таа не важи за туристичките, студентски и бизис визи – не може да се неутрализира фактот дека овој студен туш дојде од стратешки божем партнер на Македонија кој се обврзал да нѐ помага, на кој му го дадовме најскапиот проект во земјата да го изведува (на „Бехтел и Енка“), за чии интереси гласавме спротивно од ЕУ и спротивно на тоа што е принципиелно и, што е најважно – дека сме земја членка на НАТО, европска земја и земја кандидат за членство во ЕУ, а добивме третман како на земја од третиот свет.

Проблемот е што третманот си го заслуживме – со изживувањето со стратешките интереси на државата изминатите години, со поттикнување на антизападните хистерии, со упорно несправување со корупцијата која ги уништува институциите и со упорното осиромашување на населението кое бега во толкав обем, што се најдовме на иста листа со земји погодени од војна, со политички нестабилни држави, со далечни небитни острови од Пацификот и слично, а сме земја од срцето на Европа и од најбогатиот континент.

Практично, може да се најде оправдување за трчањето во „периметарот “ на Трамп по изборот бидејќи сите тоа го правеа, може да се најде оправдување и за вазалството кога не сме некој фактор во политиката, а може да се најде изговор и во неконзистентноста и хаотичната надворешна политика на Трамп кон светот, па и кон сојузниците. Но, не може да се најде оправдување за обидите Владата самата да се стави во вазалски однос кон новата администрација на САД за да можат нејзини преставници да добијат заштита за неспроведување на реформите што од Македонија треба да направат солидна држава

 

Извор Независен весник