Владата на Македонија ја утврди квотата за работни дозволи за странски државјани за 2026 година, со вкупно 10.000 ангажмани.
Најголемиот дел, 9.750 дозволи, е наменет за редовно вработување на странци, додека 200 се за упатени странци, а 50 за сезонски ангажмани
Од квотата, 4.500 се за нови работници, а 5.250 за продолжување на дозволи за оние кои веќе работат во државата.









