Маж пикнал тинејџер во гепек – го испрашувал кој му ја мавал колата со снег

0
171
Screenshot

На автобуска постојка во скопски Аеродром, непознат насилник вчера нападнал 16-годишно дете вчера и го пикнал во багажник и барал да му каже кој фрлал со снежни топки по неговиот автомобил.

Вчера (21.01.2026) во 22:00 часот во СВР Скопје, Е.Б.(36) од Скопје пријавила дека околу 12:30 часот на автобуска постојка на подрачјето на општина Аеродром, нејзиниот 16-годишен син бил физички нападнат од еден човек, кој насилно го турнал во багажниот простор од неговото патничко возило и барал од него да му каже кој удирал со снежни топки по неговото возило – соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Според пријавеното, тој физички го нападнал и неговиот другар.