За Села, „Безбеден град“ бил антиалбански и за изнуда на граѓаните

0
173

Пратеникот Зијадин Села од Алијанса за Албанците во објава на Фејсбук го образложи сопственото несогласување со веќе изгласаниот во Собранието систем за набљудување и регистрирање прекршоци во сообраќајот „Безбеден град“.

Жално е кога ќе видите дека дури и проектите што се промовираат за општо добро, безбедност на граѓаните, како што сака да ја нарече Владата, имаат за цел да изнудат одредена категорија граѓани! Ако имате претстава чиј џеб е наменет да се удри, повеќе од јасно е.

– Погледнете каде се спроведува проектот ‘Безбеден град’ – во Скопје, Куманово, Тетово?!

– Погледнете ја дистрибуцијата на камерите ‘Безбеден град’ во Скопје, каде се тие поконцентрирани по број? Во Чаир, Сарај, Бутел?!

Тоа се општини со албанско мнозинство.

Тие се влезовите и излезите на Албанците во Скопје.

Ова се местата со (без) постара комуникациска и патна инфраструктура.

Нема семафори, но со камери за изнуда!

Нема паркинзи, но има казни!

Нема сообраќајни знаци, но со висок

и казни…