ПАДНАВ НА КОЛЕНА, ПОЧНАА ДА МЕ ГАЗАТ, ПОЧНАВ ДА ПОВРАЌАМ, МЕ ГАЗЕА… Сведочеше момче повредено во пожарот во кочанската дискотека

0
151

Во продолжение на денешното судско рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ судот го повика сведокот на обвинението Дарио Трифунов, студент, но адвокатката Ивана Коцевска реагираше дека овој сведок не бил најавен на претходното рочиште и бара тој да биде повикан на следното, за да има време одбраната да се подготви, објави Плус инфо

Обвинителство одговори дека тој е студент во странство, во Софија и дека само овој пат може да сведочи, како и дека бранителите ги имаат записниците од сите искази во исрагата

Судијката го праша сведокот колку често доаѓа и дали може да дојде за еден или за два месеца, тој рече дека не е сигирен дали ќе може да дојде. Судот се повлече за да одлучи. По кратко рече дека се прифаќа предлогот на одбраната и овој сведок денеска нема да се сослуша.

Следен сведок беше Тоше Трендафилов, кој исто така бил присутен во дискотеката „Пулс“ во кобната ноќ. Тој ја посетувал често дискотеката, речиси секој викенд, уште од 18-годишна возраст, а сега има 29.

На перашање на обвинителот како изгледа влезот во дискотеката и самата дискотека, сведокот рече:

– Само еден влез и излез имаше. Имам слушнато дека има и друг излез, ама е затворен, сум слушнал дека тоа е за да не бегаат малолетници ако има рација, Не сум го видел тој излез.

 

Дискотеката беше многу убава. Порано имаше тераси, горе сепариња. Подоцна ги тргнаа терасите. Од страните имаше шанкови, бината беше право, а на средината маси, како и лево и десно од бината.

Седнав веднаш до бината. Кога стигнав во 1.30, ДНК беа почнати со настапот, седнав со другари на масата, по некое време, по 40 до 50 минути, се запали дискотеката. Панчо виде и рече дека се запалило тоа горе. Ни рече да излеземе и дека ќе се вратиме кога ќе го изгасат.

Самото палење не го видов. Имаше и малолетни, како и секоја вечер. Знам дека се малолетни, затоа што ги познавам.

Обвнителот праша дали имало внатре лица од обезбедувањето?

– Таа вечер не.

– Дали видовте полицајци?

– Надвор да, внатре не. Кога влегував не видов полицаји, внатре не видов полицајци, ги видов кога излегов надвр, после пожарот