Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање на денешната седница истакна дека оваа влада ја гарантира правичната застапеност и новиот закон доби позитивна препорака од Венецијанска комисија што е обврзувачко во процесот кон ЕУ, а проектот „Безбеден град“ не етнизира, туку спасува човечки животи. .
Што се однесува за правичната застапеност можам да кажам дека апсолутно се води сметка за правичната застапеност, јас сум личен гарант и тоа сум го кажал во минатото. Ниту како човек, ниту како политичар, ниту како претседател на Влада, нема да дозволам никој никого да мајоризира или минимизира. Односно, апсолутно можам да ве убедам дека квалитетот на луѓето без разлика од која етничка припадност доаѓаат треба да биде клучен и приоритет и тоа е темелна уставна вредност и дел од меѓународните резолуции и конвенции“, истакна премиерот Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање поставено од пратеникот Скендер Реџепи.
Премиерот Мицкоски му порача на пратеникот Реџепи дека треба пошироко и објективно да ги гледаат работите, наместо да ги етнизираат прашањата мислејќи дека така ќе добијат политички поени









