Нема веќе плаќање со СМС за ноќно возење, ќе мора да се купи билет од 50 денари во автобус

0
113

Со почеток од 1 февруари ноќното возење во јавните автобуси веќе нема да може да се плаќа со СМС порака.

„Ве информираме дека почнувајќи од 31.01.26 (сабота на полноќ) / 01.02.26 (недела), нема да биде во функција плаќање на билет за едно возење преку бројот 185, со СМС порака за користење на ноќните линии“, информираат од ЈСП.

Затоа, почнувајќи од 1 февруари, плаќањето на автобуските билети ќе биде само во готово кај шоферот, и цената на автобуската карта ќе изнесува 50 денари.

„Користењето на јавен превоз во ноќните линии од 00:00 до 05:00 часот важи со валидирање/купување на ноќен хартиен билет за едно возење кој чини 50 денари, исклучиво купен во возилото кај возачот и од електронски паричник преку валидаторот, додаваат од сообраќајното претпријатие“, се вели во соопштението на претпријатието.

Исто така, од ЈСП-Скопје потсетија дека месечните, тримесечните, шестмесечните и годишните билети за бесплатно користење на јавен превоз кои важат од 05:00 до 24:00 часот за сите градски и приградски линии, не важат за користење на ноќни линии.