Со искази на нови петмина сведоци треба да продолжи судењето за пожарот во „Пулс

0
190

Со искази на нови пет сведоци на Обвинителството денеска во судницата во Идризово продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

И на денешното рочиште, според најавите треба да сведочат лица што биле во „Пулс“ критичната ноќ на 16 март 2025 година.

Ова е второ рочиште од почетокот на годината, а судскиот процес е во доказна постапка. На претходното рочиште на 26 јануари искази дадоа четворица сведоци кои критичната ноќ на 16 март лани биле гости во т.н. Кабаре. Фокусот на Обвинителството, односно прашањата кои ги поставуваа на сведоците, беа во врска со внатрешноста на објектот и она што тие го забележале во однос на мерките за безбедност. Без исклучок, сите четворица рекоа дека во „Пулс“ критичната вечер, како и претходно, имало малолетници.