ВЛАДИНОТО БИФЕ НЕ ИЗДАВАЛО ФИСКАЛНИ СМЕТКИ

0
116

Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР) не води редовна евиденција на имотот што го поседува Владата, па се случува дел од продадениот имот уште да се води за државен. На списокот на вработени има голем број привремени ангажирања, дел и без соодветно образование, а набавката на автомобили преку лизинг не е добро планирана и регулирана. Ова се дел од забелешките на Државниот ревизор во извештајот за финансиското работење на СОЗР во 2024 година.

Ревизорите утврдиле и дека голем дел од годината во владиното бифе не се издавани фискални сматки, а дневниот промет не се уплаќал дневно туку на период од повеќе месеци, а во одделни периоди е регистриран значително низок износ. Од извршените услуги во угостителските објекти (ресторани и бифеа со кои управува Службата) во текот на 2024 година остварени се приходи наплатени во готово во износ од 18.146 евра