Јаневска: За возачка дозвола е доволно основно образование, државата им нуди можности на Ромите

0
177

За да може да полагаат за возачка дозвола, доволно е минимално, основно образование. Државата им обезбедува можности што тие треба да ги искористат. Имаме огромен број инструменти со кои се обидуваме да ја подобриме ситуацијата на Ромите, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска во врска со протестите на Ромите што бараат да бидат ослободени од обврската да полагаат возачки испит бидејќи се неписмени.

Министереката денеска изјави дека на образованието на Ромите се посветува сериозно внимание со проектот „Деценија на Ромите“ и со други посебни проекти на МОН наменети за ромската етничка задница.