ОДЗЕМЕНИ ВОЗИЛА, ПРИВЕДЕНИ МЛАДИ ЛИЦА И ТЕШКО ПОВРЕДЕН ВЕЛОСИПЕДИСТ – БИЛТЕНОТ НА МВР ВО ПОЛОШКО СО НИЗА ПРЕКРШОЦИ

0
132
Screenshot

Во изминатите 24 часа на подрачјето на Гостивар и Тетово беа регистрирани повеќе полициски интервенции, апсења, контроли и пријави.

Малолетници затекнати по полноќ во угостителски објекти

Во периодот од 00:00 до 03:00 часот (15.02.2026), полициски службеници од Полициската станица Гостивар спроведоа акциска контрола во угостителски објекти на улиците „Гоце Делчев“, „Браќа Ѓиноски“ и „Браќа Блажески“. Во два објекти биле затекнати вкупно три малолетни лица по полноќ, кои биле предадени на нивните родители.

Двајца млади лишени од слобода поради управување без возачка дозвола

На регионалниот пат Тетово–Јажинце, во с.Непрошево, бил лишен од слобода 18-годишник од тетовско кој управувал „сеат алтеа“ без да има стекнато право за управување со моторно возило. Возилото било одземено по наредба на јавен обвинител.

Истата вечер, на локалниот пат Палатица–Озормиште, бил приведен и 20-годишник од с.Стримница кој управувал „голф“ без положен возачки испит. И ова возило е одземено. По документирање на случаите ќе следуваат соодветни пријави.

Пријавена измама од 1.000 евра

Во СВР Тетово, 45-годишен жител на тетовско пријавил измама од 1.000 евра. Тој дал капар за изработка на врати на лице од Тетово, но услугата не била реализирана, а лицето станало недостапно. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Приведен гостиварец поради закани

Во Гостивар бил лишен од слобода 45-годишен маж по пријава дека упатувал закани кон својата поранешна сопруга и нејзиното семејство. По целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

Тешко повреден велосипедист во сообраќајка

На крстосницата од бул.„Гоце Делчев“ и ул.„Железничка“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фиат“ и велосипед. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 75-годишен велосипедист, констатирани во Медицински центар Гостивар. Извршен е увид.

Пронајдена претходно исчезната жена

Полицијата во Гостивар ја пронашла 53-годишната жена од с.Радиовце, која два дена претходно била пријавена за исчезната од нејзиниот син.

Полицијата најавува дека по целосно документирање на сите случаи ќе бидат поднесени соодветни пријави.