Драмски театар во жалост: Замина Ленче Делова, уметница со големо срце

0
113

Со длабока тага и неверување, Драмски театар ја сподели веста за заминувањето на својата долгогодишна колешка и актерка, Ленче Делова.

Нејзиниот талент, сценска присутност и човечка топлина оставија неизбришлива трага на сцената и во срцата на публиката. Со секоја улога таа внесуваше искреност, емоција и посветеност, градејќи ликови кои долго ќе се паметат. Нејзината насмевка и ведриот дух беа светлина зад сцената, а нејзината професионалност пример за генерации актери.

Со нејзиното заминување, театарот изгуби истакнат уметник, а колегите – верен пријател и прекрасен човек. Празнината што ја остава е голема, но спомените и делата ќе продолжат да живеат преку сцената и во срцата на сите што имаа чест да ја познаваат и да работат со неа.

Почивај во мир. 🕊️
Искрено сочувство до семејството, пријателите и сите најблиски.