ПАНЧЕВСКИ ДИСКВАЛИФИКУВАН, СИТЕ ДРУГИ ДОБИЈА ПОЗИТИВНО МИСЛЕЊЕ Советот на јавни обвинители ги оцени кандидатите за државен јавен обвинител

0
77

Советот на јавни обвинители на денешната седница го дисквалификуваше поранешниот кривичен судија Владимир Панчевски од трката за државен јавен обвинител и неговата кандидатура не ја стави на гласање и нема да даде мислење.

Советот на обвинителите утврди дека тој ги има потребните години на стаж, но тој не е непрекинат.

Согласно законските одредби, кандидатот треба да има најмалку 10 години непрекинат работен стаж од областа на кривичното право. Во конкретниот случај, на кандидатот му престанала функцијата пред 13 години и во меѓувреме не бил ниту судија, ниту јавен обвинител. Оттука, тој стаж не може да се смета за непрекинат стаж од областа на кривичното право во смисла на законот – рече членот на Советот Маријана Илиеска.

Со оглед на наведеното, Советот смета дека кандидатот не ги исполнува законските услови и не треба да биде ставен на листата на кандидати за кои ќе се гласа.