Влада на Република Северна Македонија ја објави одлуката со која 125 граѓани ќе добијат индивидуална финансиска помош во износ до 25.000 денари, како поддршка за покривање на трошоците за живот и специфични социјални потреби.
Помошта е наменета за лица кои ги исполнуваат критериумите утврдени од надлежните институции, меѓу кои се: ниски приходи, тешки здравствени состојби или други социјални околности што значително го намалуваат нивниот економски капацитет.









