ВИДЕО СНИМКА ОД АПСЕЊЕТО НА АРТАН ГРУБИ Фатен е при влез во земјава, полицијата му ставила лисици на рацете

0
152

Полицијата утрово на граничниот премин Блаце го лиши од слобода Артан Груби.

Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од Кривичниот законик.

Тој ја напушти земјава пред повеќе од година дена и оттогаш имаше само шпекулации за тоа каде престојува.