Изборот на прв човек на АЕК камен на сопнување во коалицијата ВЛЕН

0
316

Трката за позицијата директор на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), една од најважните регулаторни институции во земјата, утре се очекува да добие свој епилог.

Иако процесот веќе се претвори во отворена политичка битка внатре во крилото на Алијанса на Албанците во рамки на ВЛЕН.

Според партиски извори вицепремиерот Арбен Фетаи еднострано, самоволно и покрај противењето од партиското раководство и пратеничката Муса, се обидува да го наметне Ријад Абдулаи , близок човек на Таравари и негов деловен партнер од АА на чело на АЕК.

Иако формално како предлог „за јавноста“ предложил и свој близок роднина, кој поради судир на интереси (вработен во ОТА) не може да биде избран за директор на АЕК, сепак се обидува како второ име да го протурка токму Абдулаи.

Од друга страна, официјалниот предлог на претседателството на АА, поддржан и од пратеничката Мимоза Муса како и од националниот координатор Арифи, е Нусрет Халити , личност кој како што брифираат партиски извори е со биографија каква што нема ниту еден кандидат во Македонија во областа на електронските комуникации, признат експерт и политички независен професионалец.

Во јавноста веќе е познато дека позицијата директор ѝ припаѓа на Алијанса во рамки на ВЛЕН, која првично го имаше предложено Арменд Дестани од Куманово, моментално вработен во Агенцијата за техничко-оперативни работи (АТО). Сепак, конкурсот кој требаше да заврши пред неколку дена беше одложен, бидејќи на Дестани му недостигал важен документ за исполнување на формалните услов, документ кој во меѓувреме е обезбеден. Продолжувањето на рокот овозможи во трката да се вклучат уште тројца кандидати.

Поддржувачите на Нусрет Халити ја доведуваат во прашање кандидатурата на Дестани, посочувајќи дека тој може да се соочи со судир на интереси поради неговата актуелна позиција во АТО и институционалните поврзаности.

Во секој случај, изборот на новиот директор на АЕК се гледа како важен тест за независноста на оваа клучна регулаторна институција, но и за внатрешните односи во АА во рамки на ВЛЕН, како и за стабилноста на самиот коалициски блок ВЛЕН.

Подолу е целата биографија на Нусрет Халити

NusretHalitiCV_MK