Зошто Груби доби куќен притвор, министерот за правда Филков бара одговорност

0
100

Скандал кој не смее да се премолчи. Вака министерот за правда Игор Филков ги прокоментира одлуките на Обвинителството и Кривичниот суд Артан Груби да заврши во домашен притвор.

Одговорноста за ваквата одлука мора да биде лоцирана со име и презиме, рече првиот човек на министерството. Тој ги прозва судијата и обвинителот кои вчера за поранешниот вицепремиер Груби ефективниот го заменија со домашен притвор.

Од Јавното обивнителство пак велат дека Груби секако добил притворска мерка, која не се издржува во затворски услови – само затоа што постојат специфични услови за тоа.

ОЈО

– Ваквите услови во конкретниот случај беа исполнети, бидејќи по проценка на надлежните органи – МВР и АНБ постојат сериозни информации дека во притворското одделение не може да се гарантира личната безбедност на овој осомничен. Деталите во однос на ваквите загрозувања беа презентирани пред судијата на претходна постапка

Филков пак ќе бара одговори од МВР и АНБ. За него недозволиво е да се тврди дека не може да се гарантира безбедност во затвор и тоа да биде аргумент за поблага мерка.

И директорот на Истражниот затвор „Скопје“ во Шутка, Бобан Утковски со реакција. За него затворот не е мексикански картел, установата ги исполнува сите параметри на безбедност

Бобан Утковски Директорот на Истражниот затвор „Скопје“ во Шутка

– Од мене не е побарано написмено да се произнесам за безбедноста на лицето Артан Груби. За МВР и АНБ не знам. За мене сето ова е произволно. Нека дојде кој сака и да каже кои параметри затворот „Скопје“ не ги задоволува. Кои се тие безбедносни критериуми што ние не ги исполнуваме? Не е точно дека не може да се гарантира личната безбедност на Груби. Со сиот свој интегритет гарантирам дека максимално е загарантирана безбедноста на секој еден штитеник, дури и на Груби.

Груби е второосомничен во случајот со проневери во „Државна лотарија“. Тој пред 14 месеци побегна во Косово пред Обвинителството официјално да отвори истрага. Поранешниот вицепремиер тврдеше дека не избегал, туку дека бил во приватна посета, додаваќи дека по завршување на обврските ќе се врати дома