Продолжува кравјата криза,Семејство ги брка кравите по ридовите за да ги „спаси“од инспекторите на АХВ

0
77

Јулијана Ѓорѓиевска, која денес тврди дека ги напасувала кравите сопственост на нејзиниот татко, во изјава за „Скопје1“ изнесува сериозни обвинувања за начинот на спроведување на акција во Крива Паланка од страна на Агенција за храна и ветеринарство со асистенција на Министерство за внатрешни работи.

Според неа, при акцијата животните биле собирани од паша и оттурнувани кон патните правци, што, како што наведува, предизвикало паника и неконтролирано движење на добитокот, со реален ризик за јавната безбедност.

„Се наоѓав на терен како и секој нормален ден. Додека се движев со мојот автомобил, забележав неколку крави кои се упатуваа кон кејот на Крива Река. Го запрев возилото и се упатив да ги вратам кон ридот, со единствена цел да спречам можна сообраќајна несреќа или штета. Успеав да ги оттурнам околу 100 до 200 метри“, вели Ѓорѓиевска. објави Скопје1.мк

Инаку ТВ Телма ја опишува ситуацијата како „вестерн“ сцена, со драматична атмосфера на терен, во која инспекторските екипи се обидувале да ги приберат животните, а нивните сопственици ги бркале по планината за да спречат одземање. Се наведува дека меѓу најгласните била ќерката на сопственикот, Јулија Ѓорѓиевска, која со викање ги оттурнувала кравите кон ридовите, додека службено лице се обидувало да ја сопре.

Според истиот извор, и покрај акцијата, поголем дел од животните и натаму останале надвор од контрола. Од вкупно околу 500 грла, во текот на денот биле заловени само десетина, а дел од нив биле натоварени од помошен објект кај градскиот базен. Телма пренесува и дека акцијата не поминала без тензии, со директна конфронтација и турканици меѓу членови на семејството и службени лица, при што екипите на АХВ, според медиумскиот извештај, биле и физички попречувани.