Скопје доби уреден спортски простор на кејот на реката Вардар, кај лунапаркот, проект што го реализираше Министерството за спорт, во интерес на граѓаните и на спортот.
Овој спортски простор вчера го пуштија во употреба министерот за спорт, Борко Ристовски, и скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски.
– Овој простор повторно е ставен во служба на граѓаните – место каде што младите ќе спортуваат, ќе се дружат и ќе создаваат здрави навики. Реконструираниот простор располага со фудбалско и со кошаркарско игралиште со современа полипропиленска подлога, што овозможува побезбедни и поквалитетни услови за игра и рекреација – истакна Ристовски.









