Трпи си, пријави си, умри си”, ,,Пресуда: Виновни сте за соучество во злосторство”, ,,Насилникот дома, а жртвата да бара засолниште?”, ,,Safe city, Unsafe Women”, ,,Камерите гледаат, институциите мижат”.
Ова се само дел од транспарентите со кои стотици граѓани дадоа поддршка на денешниот марш по повод 8 Март, кој се одржа под слоганот ,,Нема да нѐ снема”.
Маршот беше најброен од сите досегашни, а започна со минута молк за Ивана и Катја, мајката и ќерката кои неодамна починаа како резултат на долгогодишно насилство од сопругот-силеџија, Стојанче Јовановски.









