Извршниот одбор на СДСМ започна постапка за исклучување на Петре Шилегов од членството на СДСМ.
„Шилегов е уценет и одработува за ВМРО. Ја разоткривме целата бизнис шема на Христијан Мицкоски во енергетиката, од Адамовиќ до „Руднап“. Сега на сите им е јасно зошто толку многу сакаат да го рушат СДСМ. ВМРО толку падна што единствената опција им остана обидот да го урне СДСМ одвнатре. Сега на сите им е јасно дека станува збор за „платформа за рушење на СДСМ“, стои во партиско соопштение на опозициската партија во кое се најави исклучувањето на Шилегов.
Фото: фб – Петре Шилегов









