Опасност за изворот Рашче – Лешоска: Ако се загади водата нема да може да се користи ни како техничка

0
193

Се заканува ли загадувањето на водата за пиење од изворот Рашче со кој се снабдува Скопје? Во околината на поранешната фабрика „Југохром“ постои депонија каде со години се складирани околу 900 илјади кубни метри јаловина од хром. Иако е оддалечена од изворот сепак претставува сериозна опасност преку подземни води да го загрози главниот ресурс на чиста вода за пиење за скопјани. Ана Чоловиќ Лешоска од граѓанската организација Еко-свест во неделното интервју за Радио Слободна Европа предупредува дека постои ризик од загадување на подземните води од „Југохром“ со оние на Рашче. Доколку до тоа дојде водата во Скопје ќе биде целосно неупотреблива бидејќи шестовалентниот хром е канцероген и смртоносен, вели Лешоска.

-Ризикот од тоа да се загади водата, не само за пиење, ние не би можеле да ја користиме таа вода ни како техничка вода. Неповратно би го изгубиле изворот Рашче доколку настане загадувањето, б бидејќи настанува понирање на овој хемиски елемент во подземните води а исто така, сега за сега, за жал таа вода која се слива од самата јаловина влегува и во реките, изјави Ана Чоловиќ Лешоска од Еко Свест.