Премиерот Христијан Мицкоски престојува во Брисел, каде учествува на конгресот на Европска народна партија и остварува средби со високи европски претставници.
Во рамки на посетата, Мицкоски има разговори со повеќе европски лидери и претставници на институциите на Европската Унија, при што фокусот е ставен на евроинтегративниот процес на земјава и перспективите за членство.
Тој испрати порака дека интеграцијата на Македонија во ЕУ треба да се темели на заслуги и исполнети реформи, а не на билатерални прашања, потенцирајќи дека државата останува посветена на европскиот пат.
Мицкоски нагласи дека е потребно да се обезбеди фер и предвидлив процес, кој ќе овозможи напредок врз основа на реални достигнувања, како и зајакнување на институциите и реформските капацитети.









