Савески: Гарантирам отчетност и транспарентност, дигитализација; најголем проблем се условите за работа

0
76

Судијата од Основниот кривичен суд Скопје, Ненад Савески е избран за нов Државен јавен обвинител – доби поддршка од 66 пратеници во Собранието и најави крај на фиока-системот. Тој во интервју за МИА, гарантираше отчетност,транспарентност и дигитализација. Според него, најголем проблем во јавнообвинителската работа се токму условите за работа, а не платите, иако, како што вели, акцентот најмногу се става токму на тоа.

НЕНАД САВЕСКИ, ДРЖАВЕН ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ

„Она што јас сакам да направам е да гарантирам радикална отчетност и транспаретност, дигитализација, услови за работа за еден обвинител непречено да си ја врши својата работа на еден ефикасен и достоинствен начин. Меѓу останатото и она што често се коментира е да се обезбедат финансиски средства иако, платите не се најголемиот проблем туку се условите за да се работи. Не може со сиромашна институција да се бориш против богати од криминал.“