Пронајдена мртва жена во Зрновци, локалните медиуми објавуваат насилна смрт

0
129

Локалните медиуми од Кочани известуваат за грозоморен настан во Зрновци, каде е пронајдена мртва жена која неофицијално била почината од насилна смрт.

Од полицијата вршат увид, а женското тело сеуште не е идентификувано.

Од ОЈО информираат дека Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани врши увид на локација каде е пронајдено тело на почината жена.

До овој момент починатата не е идентификувана. Ќе биде наредена обдукција, а причините за смртта се уште не се утврдени, велат од ОЈО