Владата подготвува кризна состојба поради цените на горивата: ќе се носат мерки за да не поскапи струјата, но и дизелот за 10 денари

0
55

Кризна состојба ќе се прогласи од страна на Владата, поради значителниот раст на цените на горивата, дознава „Скопје1“ од владини извори објави Скопје1.мк

Според информациите, вонредна владина седница е закажана за денеска, на која ќе се разгледуваат мерки за спречување на нов ценовен шок, кој се очекува да биде оbјавен од Регулаторната комисија утре.

Првичните проценки укажуваат дека цената на дизелот би можела да се зголеми за околу 10 денари по литар, додека безоловниот бензин за дополнителни 6 денари по литар. Проценките се правени врз основа на цените на светските берзи.