Трамп ги одложи нападите врз Иран, нафтата падна за 14 отсто

0
113

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека САД имале добри и продуктивни разговори со Иран и дека ќе ѝ нареди на војската да ги одложи сите воени напади врз иранските електроцентрали и енергетска инфраструктура за пет дена.

Трамп претходно се закани дека ќе ги нападне иранските електроцентрали ако државата брзо не го отвори Ормускиот Теснец за комерцијален бродски сообраќај. Преминот на танкерите со нафта и гас беше парализиран пред три недели.

Потегот на Трамп следува по заканата од Иран дека ќе се одмазди со напади врз израелските електроцентрали и оние што ги снабдуваат американските бази низ регионот на Заливот доколку САД ја нападнат енергетската мрежа на Исламската Република.

Фјучерсите на нафтата брент паднаа откако претседателот Трамп ја соопшти одлуката.

Глобалниот репер падна за повеќе од 14 отсто, на 96 долари за барел. Цената на ВТИ (West Texas Intermediate) исто така падна, како и цените на европскиот природен гас (ЛНГ).