ДУИ СО ОБВИНУВАЊЕ: 40 УНАПРЕДЕНИ, НУЛА АЛБАНЦИ ВО ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР

0
103

Демократска унија за интеграција обвинува дека се нарушува принципот на правична застапеност во државните институции, по информациите за 40 нови унапредувања во Централен регистар на Северна Македонија, каде што, како што тврдат, нема ниту еден Албанец.

Од ДУИ оценуваат дека ваквата состојба претставува сериозен аларм за позицијата на Албанците во институциите, нагласувајќи дека правичната застапеност сè повеќе се губи како принцип и станува исклучок во функционирањето на државните органи.

Воедно, од партијата посочуваат дека одговорноста за ваквите одлуки ја лоцираат кај коалицијата ВЛЕН, која е дел од владејачкото мнозинство.