Министерството за здравство презентираше построги мерки за следење на работата на здравствените работници, со цел обезбедување ефикасна работа и транспарентност.
Министерот Азир Алиу најави воведување нов систем за евиденција на работното време преку отпечаток од прст и нагласи дека ќе се преземат законски мерки против институциите и директорите кои нема да ги почитуваат правилата.
Тој истакна дека имаат детектирано колку здравствени работници работат надвор од редовното работно време, колку часови работат и дали тие институции се во согласност со законските ограничувања, бидејќи според него, многу доктори работат во приватни клиники, а примаат плата од државата за истото работно време.
„Со овој закон, ги регулираме неколку аспекти: прво е системот ’tack and trace‘ – дигитално следење на целиот процес“, изјави министерот за здравство, Азир Алиу.









