Кај нас 35% од населението пати од дебелина, а таа е поврзана со над 200 заболувања

0
67

Прекумерната телесна тежина претставува сериозна хронична болест поврзана со повеќе од 200 заболувања, а во Македонија зафаќа дури 30 до 35 проценти од населението, предупреди министерот Азир Алиу.

На стручниот симпозиум организиран од научното здружение за обезност ОБЕМ, Алиу истакна дека станува збор за растечки здравствен проблем кој особено ги погодува децата и адолесцентите.

„Станува збор за сериозна хронична болест поврзана со над 200 коморбидитети, вклучително кардиоваскуларни заболувања, дијабетес тип 2 и други состојби и затоа е посебно значаен мултисекторскиот одговор и подигнување на јавната свест за овој глобален предизвик“, изјави Алиу.