Викенд на инциденти во Тетово и Гостивар: апсења за дрога, семејно насилство, сообраќајка и пожар

0
95

На 28.03.2026 во 23:00 часот на ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода И.Ц.(44) од Тетово, затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, а истиот изјавил дека ја купил од Ш.Б.(62) од Тетово. По преземени мерки околу 23:40 часот во Тетово, полициски службеници го лишија од слобода Ш.Б., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и кај него биле пронајдени и одземени два мобилни телефони и пари. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 28.03.2026 во 22:40 часот на ул.„167“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, ги лишија од слобода Р.М. (39) од Тетово и А.М. (39) од с. Брвеница, затоа што при преглед кај А.М. била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 28.03.2026 во 13:20 часот во ОВР Гостивар, Б.Ш.(24) од с. Желино пријави дека околу 12:30 часот во Гостивар на ул.„Тоде Богданоски“, пред угостителски објект, по претходна расправија околу паркинг место бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 29.03.2026 во 04:25 часот на ул.„Киро Ристоски Дрнц“ во Тетово, забележано е опожарено товарно моторно возило со тетовски регистарски ознаки, кое било паркирано подолг временски период. Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Тетово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово.

На 28.03.2026 во 20:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека во с.Долно Седларце, општина Брвеница, патничко возило удрило во пешакот З.С.(70) од Тетово по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 28.03.2026 во 19:25 часот, во Гостивар полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишија од слобода В.С.(30) од Гостивар, по претходна пријава од нејзината 73-годишна свекрва дека околу 12:30 часот во домот физички ја нападнала. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.