Убиство во Росоман – син си ја заклал мајката со нож

0
116

Убиство се случи во Росоман, каде син си ја закла мајката со нож, информираа од Итната медицинска помош во Кавадарци, која била на местото на повикот во Росоман.

„Нашата екипа беше повикана и на лице место констатиравме убод со нож во вратот. Од повредата, жената починала на самото место“, појасни доктор Ратко Грков од медицинската помош за МИА.

Засега нема повеќе детали за случајот. Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.