По повеќе од половина век: НАСА се подготвува да го испрати првиот човечки екипаж на Месечината

0
69

НАСА се подготвува да ја лансира вселенската мисија „Артемис“ на Месечината со првиот екипаж по повеќе од 53 години, објавија денес американските медиуми.

„Артемис“ е клучен тест лет како дел од пошироките лунарни цели и напорите на Соединетите Американски Држави да ја потврдат својата водечка позиција во вселенската трка и покрај растечката конкуренција од Кина, објави „Ројтерс“.

Тројца американски астронаути и еден Канаѓанец треба да се лансираат во среда во вселенската капсула „Орион“, која ќе биде носена од ракетата „Space Launch System“ на 10-дневна тест мисија во орбитата околу Месечината.