Работниците на РЕК Битола се затруле со Салмонела

0
94

Салмонела е причина за труењето со храна кај вработени во РЕК Битола. Центарот за јавно здравје ги соопшти резултатите од анализите спроведени заедно со Институтот за јавно здравје, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Агенцијата за храна, направени по пријавените случаи на стомачни тегоби по вечерата во мензата на РЕК на 24 март, објави Телма

Околу 191 вработени во комбинатот побараа лекарска помош и се пожалија на стомачни тегоби по консумирање оброк – лазањи со сос – подготвен во кујната на РЕК Битола.