Тетово во паркинг колапс: Граѓаните плаќаат за резидентен паркинг, но остануваат без место – паркираат каде ќе стигнат, се отвора сомнеж за систем со повеќе дозволи отколку паркинг-места

0
156

Паркинзите наменети за резидентни граѓани во општина Тетово континуирано се соочуваат со пренатрупаност, иако се предвидени исклучиво за жителите од конкретните реони кои за нив плаќаат на годишно ниво.

И покрај секојдневните реакции и пријави од граѓаните, општинските власти засега не преземаат конкретни мерки за надминување на проблемот.

Според сведоштва на граѓани, тврдат дека Општината издала повеќе резидентни дозволи отколку што дозволува реалниот капацитет на паркинг-местата, поради што дел од нив, и покрај тоа што плаќаат, остануваат без можност да паркираат во сопствениот реон.

Ова отвора прашање за транспарентноста и одговорноста во управувањето со јавниот простор.

Останува отворено прашањето – кога општинските власти конечно ќе преземат конкретни и ефикасни мерки за решавање на овој проблем?