Спремете ги картичките: ChatGPT почнува со наплата по прашање

0
121

По месеци шпекулации во tech заедницата, OpenAI тивко почнала да ги тестира промени во начинот на наплата за ChatGPT. Според информации до кои дојде редакцијата на IT.mk, компанијата разгледува модел во кој корисниците ќе плаќаат по индивидуално прашање, наместо фиксна месечна претплата.

Моделот функционира вака:

Прво прашање: бесплатно
Второ прашање: 0.01$
Секое следно: удвојување
На 20-тото прашање дневно ќе должиш 5.242 долари. На 30-тото веќе треба да најдеш уште 5 работи за да платиш.

Пуштивме прашања до Сем Алтамн и OpenAI за да добиеме повеќе информации, но сѐ уште немаме добиено одговор.

Зошто OpenAI воопшто го разгледува ова?
Логиката не е без основа. Компанијата е веќе со загуба од над 14 милијарди долари годишно, а серверските трошоци за секој ChatGPT одговор не се занемарливи. Инфраструктурата неопходна за обработка на милијарди прашања дневно чини вистински пари, и инвеститорите бараат пат кон профитабилност.

Моделот „плаќај колку користиш” звучи фер. Секој што ќе го праша ChatGPT „можеш ли да го подобриш ова” по десетти пат за ист параграф, треба да си плати за користење.

Кој е најзасегнат?
Македонските фриленсери и мали агенции кои ChatGPT го користат секојдневно за копирајтинг, код и комуникација со клиенти ќе бидат меѓу првите погодени. За некои тимови, бројот на дневни прашања оди во стотици.

Интерно истражување покажа дека просечниот програмер го прашува ChatGPT „зошто не работи овој код” минимум 14 пати на ден за ист проблем, со незначително различни формулации.

Што да очекуваме понатаму?
OpenAI засега не дава официјална временска рамка. Веројатно е дека корпоративните планови ќе останат со фиксна наплата, додека индивидуалните корисници ќе добијат одреден број бесплатни прашања месечно пред да влезат во pay-per-query зоната.

Нашиот совет: почнете да ги формулирате промптите попрецизно. И можеби престанете да го прашувате ChatGPT „дали си сигурен” по секој одговор.