Савески: Одлуката за повлекување на сите овластувања на обвинителката Ристоска не беше персонална, туку е од организациска природа

0
140

Државниот јавен обвинител Ненад Савески изразува жалење за повлекувањето на Ленче Ристоска од функцијата обвинител и нагласува дека одлуката што ја донел за отповикување на сите овластувања дадени кон неа од неговите претходници не е персонална, туку е од организациска природа и во никој случај не е насочена кон работата на обвинителката Ристоска.

UВо принцип не сакам да коментирам лични одлуки, но, сепак, изразувам жалење за одлуката на колешката Ристоска. За ваквиот чин и од неа лично бев известен преку СМС порака по поднесување на оставката, а за причините за истата дознав од медиумите. Но, она што сакам да го истакнам е дека Јавното обвинителство останува без јавен обвинител од кој очекував дека со своето повеќегодишно драгоцено искуство ќе даде придонес кон зајакнување на капацитетите на оваа институција, особено со нејзината позиција како обвинител за врски со Европравда. Одлуката за отповикување на сите овластувања дадени од моите претходници не е персонална и во никој случај не е насочена кон работата на обвинителката Ристоска“, вели Савески.

Таа одлука, како што посочува, е од организациска природа и нејзината цел е зголемување на ефикасното постапување на јавното обвинителство.