Минатиот месец во Кривичен стигнале 65 приговори во врска со „Безбеден град“, значително помалку од февруари

0
67

Она што може да се забележи од статистиката на скопскиот Кривичен суд е дека особено е намален бројот на приговори од правни лица, ако се земе предвид дека во февруари, според информациите од Судот, нивниот број беше 431 приговор. Од друга страна бројот на приговори кои дошле од физички лица е речиси идентичен, со таа разлика што во февруари имаше два приговори повеќе, односно 45

Минатиот месец значително се намалил бројот на поднесени приговори што граѓани и фирми ги поднесуваат до Основниот кривичен суд Скопје во врска со системот „Безбеден град“, односно со издавањето прекршочни налози за евидентирани сообраќани прекршоци, информираат од Кривичен.