ВИДЕО | Девојка се обидува да му се измолкне од рацете на момче во Штип, со викање – полицијата не го регистрирала настанот

0
205

Штипската телевизија „М-нет“ вчера објави видеоматеријал на кој се гледа како девојка во строгиот центар на Штип, во непосредна близина на Здравствениот дом, момче влече за рацете девојка која на повисок тон го моли да ја остави. Во повеќе наврати девојката се обидува да му се измолкне на момчето од рацете, но тој не ѝ дозволува да си замине.  „Слободен печат“ праша во Министерството за внатрешни работи за каков настан станува збор.

ВИДЕО

Оттаму добивме одговор дека официјално нема пријава во полициската станица во Штип. Неофицијално, кога се случил настанот, случајно поминале двајца униформирани полициски службеници од полициската станица Штип и ги прашале двете лица дали има проблем. Девојката била во видно алкохолизирана состојба и сакала да врши мала нужда додека момчето ја придржувало, велат од полицијата.

Униформираните полициски службеници си заминале без да документираат каков било настан. Денеска тие ќе бидат дадени на дисциплинска постапка бидејќи немаат никаков поднесок ниту службена белешка дека ги легитимирале лицата.

Откако ќе се обезбедат двете лица од клипот врз основа на доказите, ќе следуваат соодветни прекршочни пријави според Законот за прекршување на јавниот ред и мир, велат од МВР за „Слободен печат“.