112 и 192 за суровото семејно насилство што го трпела Ивана од сопругот Стојанче Јовановски, може да се заклучи дека полицијата не го спречила хоророт што заврши со двојна смрт, објави Вечер
Во продолжение од судењето за обвинетиот Јовановски, обвинителката Адела Бојчевиќ пушташе аудиоснимки на кои се слушаа повиците за помош до полицијата лично од жртвата, од соседите, нејзината мајка, од свекрвата. Пријавите беа во периодот од 2023 година до трагичниот ден, 2.3.2026, кога таа се фрли со петгодишната ќерка од балконот од семејниот стан.
Додека ги слушаше пријавите, Стојанче цело време мрдаше со нозете, го покриваше лицето со рацете, кога се слушаше гласот на починатата Ивана, на моменти, цинично се смееше. Последната снимка, која е дел од доказите на Обвинителството, беше токму неговиот повик до Брза помош, во 14 часот, кога пријавува дека жена со мало дете се фрлиле од балкон. Обвинетиот се вознемири и судијата Ивица Стефановски даде пауза. Обвинителката ја предупреди јавноста дека снимките се со вознемирувачка содржина и укажа на внимателно известување. Присутните во судницата, во заднина, го слушаа плачот на малата Катја, додека нејзината баба, мајката на Стојанче, го пријавува синот за обид за убиство на Ивана. „Татко ми ќе ја убие мајка ми“, плаче и вика детето, а операторот ја тера Цветанка Јовановска да се тргне оттаму бидејќи не ја разбира. „Не те слушам, оди на страна, кој кого сака да убие“, прашува операторот од 112, а Цветанка му вели, мажот – жената. Пријавата е од 20 декември минатата година, а бабата вели дека и детето е удрено, по што Катја потврдува. Во друга снимка, пријавува мајката на Ивана, Љубица Стојановска. Таа е многу вознемирена и уплашена за животот на ќерката. „Една молба“, му вели на операторот па продолжува со трепет во гласот, „ќерка ми отиде по некои работи во станот, во развод е со зетот, слушам врева, ја тепа, не му е прв пат, многу сум загрижена“, моли за помош мајката на Ивана на 28 август, 2025 година.
На два пати пријавуваат соседите, првиот пат жена од соседниот стан пријавува вознемирување. „Има голема бучава, слушам мало дете вреска и плаче, не знам дали се тепаат“, се слуша гласот на жената која се јави како анонимна. Потоа на друга снимка од 112, на 21 јануари минатата година, по полноќ, пријавува сосед, кој вели дека во станот отспротива многу се викало, а жената се наоѓа во нивниот стан и кажала дека ја тепа.
Извор Вечер









