Костадиновски: Никој не сака да го укине или да ја намали употребата на албанскиот јазик

0
108

Уставниот суд постои за да помогне во уставно-загарантираните права дали се јазични, дали се соодветна правична застапеност, да бидат заштитени а не да ги укине. Тие се уставна категорија така што не ги прифаќам никако тие квалификации.

Тврдењата дека некој сака да го укине или да ја намали употребата на албанскиот јазик се неточни, дециден е претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски и потенцира дека неосновано се создаваат стравови и политички тензии за ова прашање.
Тој во интервју за емисијата „Со факти“ на МРТ 1 се осврна на актуелните теми поврзани со одлуките на Судот, позицијата на судската власт, Законот за употреба на јазиците, Колективниот договор за култура, уставната тужба и реформите неопходни за зајакнување на институцијата.

Сакам да упатам еден апел бидејќи гледам премногу се манипулира со ова прашање. Никој нема да го чепне албанскиот јазик. Уставниот суд постои за да помогне во уставно-загарантираните права дали се јазични, дали се соодветна правична застапеност, да бидат заштитени а не да ги укине. Тие се уставна категорија така што не ги прифаќам никако тие квалификации дека некој сака да го укине, да ја намали употребата или да го загрози албанскиот јазик. Апсолутно се неточни – рече Костадиновски.

Тој додаде дека одлуките на Судот ќе ја олеснат практичната примена на правата.

Фото: Фб- уставен суд