Велики петок, денот на Христовото распнување, се смета за најтежок и најтажен ден во христијанството, симбол на страдањето, жртвата и тишината што му претходи на Воскресението, кое верниците го слават на Велигден.
Сите четири евангелија сведочат дека Исус Христос бил погубен на крст во петок, откако бил предаден од свој ученик, а според новозаветните записи, самиот го носел крстот до местото на погубување надвор од градските ѕидини, со круна од трње ставена на главата. Токму овој чин го претвора крстот во централен симбол на христијанската вера.









