Полицијата вчера во 22.40 часот во Скопј ја уапсија 18-годишната скопјанка Е.Ј. поради тепачка.
„Според пријавеното, околу 21 часот на подрачјето на Карпош, по претходно договорена средба, Е.Ј. физички ја нападнала И.И.(20) од Скопје. Потоа повикала неколку нејзини пријателки, кои исто така физички ја нападнале И.И., при што едната од нив употребила тврд предмет“, соопшти полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветна кривична пријава.









