Ученик застрела 16 лица, па си го одзеде животот – пристигнуваат драматични снимки од крвавиот пир кој ја потресе Турција

0
203

Поранешен ученик (19) од Стручното и техничко училиште „Ахмет Којунџу“ во Турција утрово отворил оган, при што повредил најмалку 16 лица, а на крајот извршил самоубиство.

Објавено е видео од ученици како панично бегаат од стручно-техничкото училиште „Ахмет Којунџу“ во Турција , каде што поранешен ученик (19) утрово отвори оган ранувајќи најмалку 16 лица, а на крајот изврши и самоубиство.

Во вознемирувачко видео објавено на социјалната мрежа „X“, се гледаат ученици со ранци како панично бегаат од училиштето, а потоа се гледаат амбулантно возило и специјални сили како брзаат кон местото на настанот.