Ќе ги побараме од Судот и Обвинителството предметите за Груевски и ќе постапиме согласно законот, велат од Министерството за правда

0
166

Министерството за правда соопшти дека во текот на утрешниот ден ќе достави барање до надлежните судски органи и обвинителства за потребните списи за сите предмети поврзани со поранешниот премиер Никола Груевски и откако ќе ги добие потребните документи ќе постапи согласно позитивните законски прописи.

Од Министерството потсетуваат дека за Груевски досега е поднесено едно барање за екстрадиција на 20.11.2018 година, како и дополнување на барањето во јуни 2019 година.

„Екстрадицијата беше побарана за сите предмети за кои постоеја сознанија дека се водат постапки пред македонските правосудни органи, односно за сите случаи за кои е распишана потерница. Република Унгарија го одби барањето за екстрадиција на 05.08.2019 година, со образложение дека на Никола Груевски му е одобрен азил, согласно нивното законодавство, кое не дозволува предавање на лице кое ужива таков статус на државата од која избегало“, соопшти Министерството за правда