Новинарот Мирче Адамчевски смета дека и покрај можноста за протерување од Унгарија, враќањето на Никола Груевски во Македонија не значи и политички камбек, објави Телма
После изјавата на Маѓар би требало да очекуваме дека Груевски ќе биде протеран од Унгарија, но дали ќе биде екстрадиран во Македонија тоа е големо прашање“, оценува Адамчевски.
Тој укажува и на правните пречки, нагласувајќи дека меѓународна потерница не е клучен фактор во моментов. Дополнително, според него, актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ нема интерес да му отвори простор за враќање во политиката.
Мислам дека Мицкоски нема да дозволи Груевски да направи повторна политичка кариера“, вели Адамчевски.









